Унгарија на мегдан со Шпанија за златото на ЕП во ватерполо

Ватерполистите на Унгарија во второто полуфинале славеа над Црна Гора (10-8) и ќе играат за златото на Европското првенство.

Дуелот беше неизвесен до самиот финиш, затоа што Црногорците во ниеден момент од средбата не се предадоа, иако Унгарија во еден дел од мечот имаше предност од три гола (8-5). Во финишот беше 9-8, а Унгарија даде гол во финишот за конечни 10-8.

Во финалето на еврошампионатот Унгарија ќе ја предизвика Шпанија која претходно успеа да слави над Хрватска. Црна Гора и „баракудите“, пак, ги чека меч за третото место.