Унгарија ја среди Холандија, во четвртфиналето ќе гледаме „вечно дерби“ против Србија!

Светскиот ватерполо гигант Унгарија ја оправда улогата на фаворит и преку Холандија закажа ново „вечно дерби“ со Србија, овој пат во рамки од четвртфиналето на Европското првенство, кое се игра во Барселона. 

Актуелниот светски вицешампион, потешко од очекуваното славеше над амбициозната Холандија, која долг период беше рамноправен противник, но немаше сили за големо изненадување. По две четвртини се замина со предност на Унгарците од 9-6, додека во продолжението двете селекции постигнаа по три гола, за конечни 12-9. Вамош со четири и Заланки со три гола беа најефикасни во победничкиот табор, а Купман и Филиповиќ со по два гола се истакнаа кај поразените Холанѓани. Дуелот против бранителот на титулата се ќе се одигра во вторник од 17:00 часот.

За разлика од Унгарија, селекцијата на Србија се избори за директен пласман меѓу осумте најдобри во Европа. Покрај европскиот шампион, во четвртфиналето место обезбедија и селекциите на Италија, Хрватска и Шпанија.