• Иван Димовски
Ватерполо репрезентацијата на Унгарија со триумф над Србија (17-13) ја затвори групната фаза и од третото место во групата оди во четвртфиналето.
Овој меч беше за престиж, за избегнување на потенцијално најтешкиот ривал од спротивната група, а на крајот заврши со унгарско славје. Србите отворија добро и поведоа со 2-4 по првата четвртина, ама до полувремето Унгарија дојде до пресврт со 7-3 (9-7). Третиот период беше најдобар за унгарските ватерполисти бидејќи го добија со 6-2, а во последниот пак подобра беше Србија со 2-4.
И Унгарија и Србија ги очекуваат своите противници во четвртфиналето. Во пресрет на последното коло Италија има 11 бода и игра со третопласираната Грција која има 8 бода, а Хрватите со девет се на второто место.
Токму од овие три селекции ќе дојдат противниците на Унгарците и Србите.