• Саше Љолес
Ватерполо репрезентацијата на Унгарија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство во Сингапур, откако ја совлада селекцијата на Романија со 15-11 (6-3, 2-3, 3-3 и 4-2).
Кај Унгарците најдобар поединец беше Гергељ Буруијан со три постигнати голови, а уште по два додадоа Жомбор Вишмег и Петер Ковач.
Во романскиот состав се истакна Влад Лука Георгеску со четири погодоци, а три беа дело на Андреј Неамту.
Унгарија во недела во терминот од 14:45 часот ќе се соочи со актуелниот шампион, Хрватска, која беше прва селекција што избори учество меѓу осумте најдобри.