Унгарија ја декласира Русија и закажа полуфинале против Грција

Репрезентацијата на Унгарија е третиот полуфиналист на ватерполо турнирот на Светското првенство во Будимпешта на големо задоволство на домашната публика. Неколку илјади луѓе на отворениот базен во главниот град на Унгарија присуствуваа на тренинг-победата на Унгарците против Русија со 14-5 (5-0, 3-1, 2-1, 3-3, 3-1).

И со подмладена селекција Унгарија покажа дека е неколки класи над руската селекција и ќе се соочи со Грција во првото полуфинале в четврток. Попладнево Грците направија големо изненадување, победувајќи ја Црна Гора со 12-7.

Противникот на Србија во второто полуфинале ќе произлезе од последниот четвртфинален дуел меѓу Хрватска и Италија, дуел кој почнува вечерва од 22.00 часот.