Унгарија и Италија на мегдан во второто полуфинале на СП во ватерполо

Репрезентациите на Унгарија и Италија ќе се соочат во второто полуфинале во рамки на Светското првенство (СП) во ватерполо кое се игра во Гвангжу.

И двете четвртфиналиња беа супер-интересни, а и Унгарија и Италија победија со еден гол разлика. Унгарците беа подобри во мечот со Австралија и славеа со 10-9, додека Италија беше подобра од Грција, со 7-6.

Во второто полуфинале ќе играат селекциите на Шпанија и Хрватска, кои меѓу најдобрите четири влегоа со победи над Србија, односно Германија.

Полуфиналните натпревари на СП во ватерполо се закажани на 25 јули.