Унгарија и Хрватска на чекор до четвртфиналето на СП во Гвангжу

Победата на Унгарија против Шпанија со 13-11 го одбележа второто коло од машкиот ватерполо турнир на Светското првенство во Гвангжу. Оваа победа веројатно значи директен пласман во четвртфиналето на Унгарците и разигрување за „фуријата“.

Очекувани победи во првата половина од денешната програма впишаа и Хрватите и Италијанците.

Резултати (второ коло):
Австралија – Казахстан  17-8 (4-1, 5-1, 3-4, 5-2)
САД – Хрватска 7-17 (1-4, 3-5, 2-4, 1-4)
Унгарија – Шпанија 13-11 (4-2, 5-4, 3-0, 1-5)
Јужна Африка – Нов Зеланд 8-8 (2-0, 2-2, 2-4, 2-2)
Јапонија – Италија 7-9 (0-2, 2-1, 4-4, 1-2)

Во преостанатите натпревари во текот на денот се среќаваат Бразил – Германија, Црна Гора – Грција и Србија – Кореја.