
Унгарската ватерполо репрезентација е победник на Европа Купот, натпреварување кое заврши вчера во Хрватска. На првиот турнир кој се играше по новите правила, Унгарците во финалето ја совладаа селекцијата на Хрватска со 10-8 (2-2, 3-1, 3-2, 2-3).
Кристијан Манхерц со три постигнати гола беше најдобар поединец во победничката селекција.
- Погледнете го комплетниот натпревар меѓу Унгарија и Хрватска:
Бронзениот медал го освои шпанската селекција, која ја надигра Италија со 9-7 (3-1, 0-2, 5-3, 1-1).
Непријатно изненадување приреди европскиот првак Србија која со подмладениот состав го освои шестото место.