Унгарија го победи Бразил и ќе игра за петтото место на ватерполо турнирот во Рио

Деветкратниот олимписки шампион во ватерполо, репрезентацијата на Унгарија ја совлада домашната екипа на Бразил со убедливи 13-4 (4-1, 3-0, 4-3, 2-0) и обезбеди натпревар, кој ќе го даде освојувачот на петтата позиција на Олимписките игри во Рио.

Унгарците не му дадоја никаква шанса на домаќинот и со доминантна игра во сите четвртини запишаа утешна победа на Олимписките игри. Победникот се знаеше уште во вториот дел, кога Унгарија поведе со 7-1 и им даде до знаење на домашните ватерполисти дека нема што да бараат на овој дуел. Конечниот резултат изнесуваше убедливи 13-4. Ердели Балаш со четири гола беше најефикасен на натпреварот.

Во вториот натпревар од разврската од 5-8 место на ватерполо турнирот во Рио, вечерва ќе играат репрезентациите на Грција и Шпанија.