Унгарија го освои Светскиот Куп во ватерполо во Берлин

Ватерполо репрезентацијата на Унгарија е победник на Светскиот Куп во Берлин, откако многу полесно од предвиденото во финалето ја совлада Австралија со 10-4 (2-1, 2-1, 4-0, 2-2. Одличната трета четвртинана Унгарците го реши победникот и по неколку години трофејот од ова натпреварување се враќа во Унгарија.

Во малото финале подмладената Србија ја совлада домашната Германија со 15-9. Европскиот првак важеше за најголем фаворит за златото, иако дојде до подмладен состав, но загуби во полуфиналниот дуел со победникот Унгарија.

Покрај трофејот, унгарските ватерполисти добија 30.000 евра за освоениот Светски Куп.