• Горан Упале
Ватерполо селекцијата на Унгарија одново покажа моќ на Светското првенство и забележа нова убедлива победа во групната фаза. Во рамките од второто коло една од селекциите од која се очекува да атакува на највисок пласман со 20-6 славеше над Бразил и запиша нови два бода на своето конто.
Сè беше решено уште во првата четвртина. Унгарците отворија ефикасно и со седум гола во противничката мрежа ја најавија лесната победа, која на крај достигна 14 гола разлика. Во првото коло Унгарија со 8-12 славеше над Црна Гора, додека Бразил загуби од Грузија.
Oд денешните натпревари најубедлива беше Шпанија, совладувајќи ја Јужна Африка со 28-2, Србија едвај триумфираше над Австралија со 6-5, додека Грција и Соединетите Американски Држави беше сигурни против Јапонија и Казахстан.