Унгарија го исфрли светскиот првак и ќе игра за европско злато во Сплит

Ватерполо репрезентацијата на Унгарија е првиот финалист на Европското првенство кое се одржува во Сплит, откако во полуфиналето славеа против Шпанија (10-8). Унгарците го добија мечот со светскиот првак, иако имаа улога на благ аутсајдер и ќе се борат за европското злато со подобриот од мечот меѓу Хрватска и Италија. 

Шпанците подобро отворија во „Спаладиум Арена“, во првиот период водеа со 2-3, меѓутоа до полувремето ја испуштија предноста. Унгарците со 5-2 ја добија втората четвртина и со 7-5 заминаа на пауза. Потоа во третиот период „фуријата“ успеа да дојде до егал, со 0-2 успеа да израмни и со 7-7 се влезе во одлучувачкиот период. 

Сепак, Унгарија беше подобра во последната четвртина, ја доби со 3-1 и се пласираше во финалето. Најдобар поединец во унгарскиот табор беше Адам Наџ со три гола од четири обиди, а со ист скор заврши Алваро Гранадос кај Шпанците. 

Вториот полуфинален натпревар е закажан за вечерв меѓу домаќинот Хрватска и Италија, а финалето е закажано за в сабота од 20:30 часот.