Унгарецот Мартон Вамос е МВП на Светското првенство во ватерполо

Унгарскиот ватерполист Мартон Вамос е прогласен за најкорисен ватерполист на Светското првенство во Будимпешта. И покрај загубеното финале од Хрватите, ФИНА го избра токму најдобриот унгарски ватерполист за МВП на Мундијалот. Во идеалниот тим се најдоа двајца Хрвати, двајца Унгарци и по еден Србина, Грк и Италијанец. 

Идеален тим на Светското првенство во ватерполо:

Голман: Виктор Наџи (Унгарија)

Среден напаѓач: Лука Лончар (Хрватска)

Надворешен напаѓач: Франческо ди Фулвио (Италија)

Надворешен напаѓач: Јоанис Фунтунис (Грција)

Надворешен напаѓач: Андрија Прлаиновиќ (Србија)

Надворешен напаѓач: Сандро Сукно (Хрватска)

Надворешен напаѓач: Вамос Мартон (Унгарија)

МВП: Вамос Мартон (Унгарија).