• Иван Димовски
Ватерполо репрезентацијата на Унгарија се пласира во полуфиналето на Олимписките игри, откако подобро изведуваше петерци од Италија и славеше со вкупни 12-10.
Се играше апсолутно израмнет натпревар. Првата четвртина Унгарија ја доби со 2-3, а втората со 0-1. Италијанците успеаја да се вратат резултатски во игра со 5-2 во третиот период, по кој минимално поведоа со 7-6.
Во последната четвртина Унгарците се изборија за израмнување и потоа се шутираа петерци. Херој на унгарската победа беше голманот Сома Вогел кој се разбрани во завршницата и во пенал-рулетот.
Во полуфиналната фаза Унгарија оди на мегдан против Хрватска, додека во второто полуфинале играат Србија и Соединетите Американски Држави. Златото од Токио пред три години ја бранат токму Србија, кои тогаш во финалето ја совладаа Грција со 13-10.