Унгарците ја надиграа Грција и ќе играат за мундијалското злато

Домаќинот Унгарија е првиот финалист на ватерполо турнирот на Светското првенство во ватерполо, кое се одржува на отворениот базен во Будимпешта. Подмладената унгарска селекција со многу проблеми во првиот период, но авторитетно во продолжението, ја совлада Грција со 7-5 (2-1, 3-3, 1-0, 1-1).

Домаќините имаа катастрофална реализација со ватерполист повеќе и мака мачеа во првите седум минути. Но, подоцна се разбрани нивниот голман Виктор Наџи и им даде сигурност на соиграчите. Во два интервали Унгарците не примија гол по пет минути, па со голови на целиот прв тим, лесно го добија натпреварот со 7-5. 

Младите Ночински и Вамос со по два гола беа најефикасни во унгарскиот табор, а кај Грција најдобар поединец беше Генидунас со три погодоци.

Противник во финалето ќе им биде поуспешниот од второто полуфинале помеѓу Хрватска и Србија, во мечот кој почнува од 22.00 часот.