• Зоран Мишевски
Продолжува перфектниот олимписки турнир на машката ватерполо репрезентација на Шпанија. „Фуријата“ ја совлада американската репрезентација со 12-8 (3-3, 3-3, 1-0, 5-2). Со одлична последна четвртина шпанската селекција го одби нападот на Американците, кои покажаа многу повеќе отколку во групната фаза.
Момците на Дејан Удовичиќ дури и водеа 15-тина минути, но одбраните на Даниел Пинедо Лопез (десет одбрани) во третиот и четвртиот квартал ја направија разликата.
Ортега Гранадос, Мунариз и Бернат Санахуја постигнаа по два гола во побебничкиот состав, а Хан Даубе беше автор на три гола кај Американците.
Од дуелот меѓу Србија и Италија ќе произлезе противникот на Шпанија во полуфиналето, а во долниот дел на костурот играат Грција - Црна Гора и Унгарија - Хрватска.