• Зоран Мишевски

Вистинска драма донесе финишот на второто полуфинале на Европското првенство во ватерполо во Барселона. При резултат 8-7 за Шпанија, Италијанците во последниот напад бркаа реми и упатија удар на неколку секунди до крајот преку Ди Фулвио, но по интервенцијата на голманот Дани Лопез-Пинедо, топката застана на или зад замислената гол-линија.
Треба ли и во ватерполото видео снимка во вакви моменти да одлучува?
Погледнете го спорниот момент кој можеше натпреварот да го внесе во продолжение:
По завршувањето на средбата шпанскиот селектор Даниел Мартин изјави дека веројатно Италија е оштетена и им се извини на своите противници за нанешената штета.