Тензија во базенот: Хрватски ватерполист му удри БОКС на српски ривал! (ВИДЕО)

Ватерполо репрезентацијата на Србија е финалист на 33. Европско првенство. До мечот за титула, „делфините“ дојдоа преку ривалот Хрватска, а речиси како и секогаш кога играат овие две репрезентации, мечот не мина без инциденти.

Во вториот период, хрватскиот ватерполист Фатовиќ му удри бокс на српски ватерполист. Настрада капитенот на Србија, Филип Филиповиќ, но судиите не го забележаа неспортскиот потег, па се мина без казна.

Погледнете како изгледаше ситуацијата во базенот:

Подоцна во полуфиналниот дуел, Фатовиќ беше еден од петмината кој заработи црвен картон.