Тел Авив и Белград домаќини на ЕП во ватерполо во 2024 и 2026 година

Белград

Европската пливачка федерација донесе одлука околу домаќинствата на Европските првенства во ватерполо 2024 и 2026 година.

Тел Авив ќе ги пречека најдобрите репрезентации од стариот континент за две години, а потоа организатор ќе биде Белград. Српската престолнина по десет години одново ќе биде домаќин на едно големо натпреварување.

Унгарија ја брани европската титула на овогодишното издание на ватерполо турнирот кој ќе се одржи во Сплит.