Тажна вест доаѓа од Унгарија, почина легендарниот Тибор Бенедек!

Бенедек

Еден од најдобрите ватерполисти на сите времиња Тибор Бенедек почина денес на 47-годишна возраст, пренесуваат унгарските медиуми.

Се работи за човек кој беше еден од лидерите на „златната генерација“ на Унгарија која освои три последователни златни медали на Олимписките игри. Во кариерата ги освои сите трофеи што можеше да се освојат, на клупско и репрезентативно ниво, а ќе остане запаметен како еден од најголемите во историјата на ветерполото.

Бенедек во четири наврати ја добиваше наградата за најдобар ватерполист во својата земја. По играчката кариера доби улога на селектор на Унгарците, со кои го освои златото на Светското првенство во 2013 година.

Пред еден месец се повлече од ватерполото, поради лични причини кои не ги откри за јавноста. Се шпекулира дека неговата одлука се базираше на тешка болест со која се бореше подолг период.

Ватерполо светот на социјалните мрежи се простува од унгарската легенда.