Стартува ЕП во ватерполо: Хрватите дома пак сонуваат злато

Хрватска ќе ги дочека најдобрите ватерполисти на стариот континент, бидејќи вторпат во низа ќе биде домаќин на Европско првенство. Базените во Загреб и Дубровник ќе бидат дом на најдобрите 16 селекции од денес до 16 јануари. 

Европскиот трон го брани селекцијата на домаќинот Хрватска, која на претходниот турнир во Сплит во финалето ја совлада Унгарија (10-9) и ја покори Европа. Со два натпревари од 17:00 часот ќе се крене завесата на овој континентален собир, а свеченото отворање е вечерва во 20:15 во Дубровник, каде што Хрватите ќе ја дочекаат Шпанија. 

  • Групи за Европското првенство: 

Група А: Хрватска, Црна Гора, Шпанија, Франција
Група Б: Грција, Италија, Унгарија, Грузија
Група Ц: Србија, Германија, Малта, Израел
Група Д: Романија, Холандија, Словачка, Словенија

Првите две селекции од сите четири групи одат во плеј-офот. Финалниот меч е закажан за 16 јануари во базенот во Загреб.