• Саше Љолес
Репрезентацијата на Шпанија е нов олимписки шампион во ватерполо, откако во големото финале ја совлада селекцијата на Австралија со конечни 11-9.
„Фуријата“ конечно се израдува на златниот медал и успеа со феноменална игра да ги надигра „кенгурките“, кои исто така прикажаа одлични настапи на женскиот олимписки турнир.
Клучната разлика беше направена во втората и третата четвртина, Шпанија ги доби во своја полза со по еден гол (0-1 и 3-4), предност која не ја испушти до самиот крај. Најефикасна во редовите на „фуријата“ беше Беа Ортиз со четири гола, додека кај Австралија најдобра беше Алис Вилијамс, која имаше еден погодок повеќе.
Шпанките ја прекинаа тоталната доминација на Соединетите Американски Држави, кои го освојуваа златниот медал на последните три Олимписки игри.