Српските ватерполисти се утешија со мундијалската бронза

Актуелниот светски првак Србија го освои бронзениот медал на ватерполо Мундијалот во Будимпешта, откако во малото финале на отворениот базен „Алфред Хајош“ во Будимпешта ја совлада Грција со 11-8 (5-3, 2-1, 3-3, 1-1).

Од самиот почеток момците на селекторот Дејан Савиќ покажаа авторитет и лутина по поразот во четвртокот од Хрватска. Во натпревар без одбрани, пак доминираше српскиот напад со ваерполист повеќе. Дури девет Срби се запишаа меѓу стрелците, а единствен кој постигна два гола беше Саша Ранѓеловиќ.

Кај Грците најпозитивен поединец беше Јоанис Футулис со три постигнати гола. Вечерва од 20.30 часот се игра големото финале помеѓу домаќинот Унгарија и светскиот вицешампион Хрватска.