Српските ватерполисти пак се спасија од пораз и дојдоа до реми против Грција

Српската ватерполо репрезентација по вторпат се провлече во групната фаза на Олимиските игри во Рио Де Жанеиро, откако по ремито со Унгарија, избраниците на Савиќ ремизираа и со Грција.

Мечот заврши 9-9 (1-2, 0-2, 4-3, 4-2), а српските ватерполисти беа тие кои се спасуваа да избегнат пораз. На 20 секунди до крајот имаа и шанса за победа, но Филиповиќ не реализира погодна ситуација.

Јоанис Фунтулис со четири гола беше најефикасен во грчката репрезентација, а кај Србите само Филип Филиповиќ постигна два гола, а останатите застанаа на еден гол.