Српските ватерполисти безмилосни кон Русите

Српските ватерполисти на европското првенство во Белград

Српската ватерполо репрезентација според очекувањата обезбеди полуфинале на европското првенство во „Комбанк арена“ во Белград. Во меч во кој двата противници беа нерамноправни, ватерполистите на Дејан Савиќ ја совладаа Русија со 15-5 (3-2, 4-1, 4-2, 4-0).

Стрелци на головите за фаворирот број 1, кој беше бодрен од преку 7.000 гледачи, беа Прлаиновиќ и Мандиќ со по три гола, Никиќ и Филиповиќ постигнаа по два, а Чук, Пјетловиќ, Алексиќ, Јакшиќ и Митровиќ постигнаа по еден гол. За Русија погодија Магомаев. Одинцов, Колод, Николаенко и Гињатов.

Првиот полуфинален пар е веќе познат, па Србија и Грција ќе играат за место во финалето. Утре се играат последните четвртфинални мечеви меѓу Црна Гора и Италија и Хрватска против Унгарија.