Српските „делфини“ се олимписки ватерполо владетели

Ватерполо репрезентацијата на Србија е освојувач на олимпиското злато и со тоа ја заокружи доминацијата на златната генерација, на која и недостигаше само олимписко злато. Во финалето во Рио, Србија го совлада својот голем ривал Хрватска со 11-7 (3-2, 3-1, 3-2, 2-2).

Од самиот почеток избраниците на Савиќ ја наметнаа својата игра во одбрана и со неверојатна леснотија ја користеа предноста од човек повеќе. Мандиќ со 4 и Пјетловиќ и Филиповиќ со по 2 гола беа најефикасни кај Србите, а Сукно со 3 и Гарсија со 2 гола беа најефикасни кај Хрватите. 

Третото место на Олимписките игри го освои италијанската репрезентација, која беше подобра од Црна Гора во малото финале со 12-10 (2-1, 3-3, 4-3, 3-3).