Српски ватерполист стана првиот спортист кој е казнет поради хомофобија!

Немања

Србинот Немања Убовиќ заработи казна од 200 евра и суспензија од четири натпревари поради хомофобични навреди кон противник.

Дисциплинската комисија на Шпанскиот пливачки сојуз докажа дека тој го искористил зборот „пе*ер“ кога му се обратил на Виктор Гутиерез.

„Одлучивме дека е време да направиме историски чекор. За прв пат хомофобијата ќе биде казнета во спортот. Имавме две опции - да свртиме глава или да покажеме дека нема место за хомофобија во спортот“, напиша Гутиерез по изречената казна за неговиот ривал.

Адвокатот на српскиот ватерполист ги негираше обвиненијата. Според неговата изјава, клиентот реагирал на навредите кои ги добил од противничкиот играч.