Србите ги „згазија“ Унгарците за полуфинале на ЕП во ватерполо

Српската ватерполо репрезентација е првиот полуфиналист на 33. Европско првенство, кое се одржува во Барселона. Во првото четвртфинале, бранителот на европската круна убедливо ја порази Унгарија со 8-5 (4-0, 1-1, 2-2, 1-2).

Од самиот почеток момците на Савиќ заиграа многу рационално и водени од Прлаиновиќ и Јакшиќ дојдоа до висока предност. Дури во последната минута од вториот период Унгарија го постигна првиот гол, што говори каква одбрана играа „орлите“. Кога се разигра и капитенот Филип Филиповиќ, победникот беше одлучен. Србија мирно ја контролираше предноста во последните две четвртини.

Митровиќ со 11 одбрани, Јакшич со три и Филиповиќ со два гола беа најефикасни поединци во победничката селекција. Кај Унгарија, Кристијан Бедо постигна два гола. Противник на Србија во полуфиналето ќе биде поуспешниот од четвтфиналниот дуел меѓу Хрватска и Црна Гора.