• Зоран Мишевски

Српската ватерполо репрезентација страви крај на бајковитиот олимписки турнир на австралиската репрезентација, водена од Елвис Фатовиќ. Во последнито натпревар од третото коло во посилната група Б, српските ватерполисти ги совладааа Австралијанците со 14-8 (6-0, 4-1, 1-2, 3-5).
Избраниците на Дејан Савиќ одиграа моќна прва четвртина, поведоа со 6-0 и ги разрешија дилемите околу победникот. Србите ги штедеа силите за дуелот со Хрватска в сабота наутро, па им дозволија на противниците да дојдат до чесен пораз.
Мандиќ со четири гола беше најефикасен, три даде Рашовиќ, а два крај своето име запиша Прлаиновиќ. Одличен на српскиот гол беше и Бранислав Митровиќ, кој прими само еден гол во 15 минути игра во вода. Во групата лидер е Шпанија, која веројатно од првата позиција ќе влезе во четвртфиналето.
Фаворитот Грција се намачи да ја совлада Јапонија со 10-9 (1-1, 4-4, 2-1, 3-3). Нашите соседи и натаму се непоразени во А групата, со ист број на бодови како и лидерот Италија.