Србинот Филиповиќ е МВП на Европското првенство во ватерполо

Капитенот на српската ватерполо репрезентација, Филип Филиповиќ е прогласен за МВП на 33. Европско првенство во Барселона. 

Филиповиќ ја поведе српската селекција до четвртото последователно злато и ја продолжи хегемонијата на големите приредби.

Најдобар стрелец на натпреварувањето е Гркот, Јанус Фунтулис, а најдобар голман Шпанецот Даниел Пинедо.

Следното Европско првенство ќе се одржи во Будимпешта во јули 2020 година.