Србинот Филип Филиповиќ по четврти пат е ватерполист на годината

Европската федерација за пливање и пливачки спортови (ЛЕН) го прогласи Србинот Филип Филиповиќ за најдобар ватерполист во Европа за 2018 година. Европскиот првак со репрезентацијата на Србија, играше во финалето на Лигата на шампионите со Про Реко и ја освои двојната круна во Италија.

Филиповиќ четврти пат ја добива оваа награда, откако претходно беше најдобар во 2009, 2014 и во 2016 година. Најдобриот ватерполист на Европското првенство во Барселона освои 46,3 отсто од гласовите и ги поеди Даниел Лопез Пинедо (17,9%), Јанис Фудулис (16,4%), Александар Ивовиќ (13,4%) и Андро Бушље (6%).

Пред Филиповиќ ова признание го освојувле и Петер Бирош (2008), Вања Удовичиќ (2010), Стефано Темпести (2011), Михо Бошковиќ (2012), Денеш Варга (2013), Душко Пјетловиќ (2015) и Марко Бијач (2017).