• Иван Димовски
Српскиот ватерполо репрезентативец, Филип Филиповиќ е избран за најдобар играч на светот за 2021 година.
Меѓународната федерација за водени спортови (ФИНА) му го додели признанието на Светското првенство во Абу Даби. Покрај Филиповиќ, признание доби и српскиот селектор Дејан Савиќ. Двајцата го предводеа олимпискиот тим на Србија до златниот медал во Токио ова лето.
Филиповиќ третпат се закити со признанието најдобар на светот, откако беше прогласуван и во 2011 и 2014 година. 34-годишникот ја заврши репрезентативната кариера на одличен начин, со злато на Олимписки игри, а сега го доби и заслуженото признание.
Инаку, Филиповиќ од оваа сезона настапува за Олимпијакос, откако направи трансфер од Шолнок.