Србинот Филип Филиповиќ е најдобар ватерполист за 2016 година

Едно од најпознатите списанија за пливачките спортови „Swimnig World“ го прогласи Србинот, Филип Филиповиќ за најдобар ватерполист на светот за 2016 година. И во минатата година најдобриот ватерполист дојде од Србија, а тоа беше Душко Пјетловиќ.

Капитенот на „делфините“ со репрезентацијата на Србија го освои Европскот првенство во Белгарад, Светската лига, а круна на се беше златниот медал од Олимписките игри во Рио.

„За ова признание најзаслужна е целата моја екипа. Да не беше нивното залагање, како и големата работа што ја вршеше стручниот штаб, немаше ни јас да играм на ова ниво. Значи награден сум јас, но таа награда им припаѓа на сите“, изјави Филиповиќ.

Филиповиќ со престижна награда се закити и во 2009 и 2011 година, кога беше прогласен за најдобар според ЛЕН, а во 2014 година беше најдобар и според ФИНА.

Во конкуренција на дамите за најдобра е прогласена Американката Ешли Џонсон, која по третпат го освои ова признание.