• Горан Упале
Српскиот репрезентативец Душан Мандиќ е прогласен за најдобар ватерполист во светот за 2024 година, објави Светската федерација за спортови во вода.
Оваа година Мандиќ со репрезентацијата на Србија го освои златниот медал на Олимписките игри и беше еден од најважните играчи во четата на Урош Стевановиќ. Покрај тоа, тој беше прогласен за најкорисен играч на ватерполо турнирот на Олимписките игри во Париз.
Покрај успехот со репрезентацијата, Мандиќ освои сè и со Ференцварош. Со унгарскиот тим триумфираше во Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и стана шампион на Унгарија, а беше прогласен и за МВП на последната сезона во елитното европско натпреварување.
Мандиќ победи во одлична конкуренција. Номинирани за ватерполист на годината беа: Алваро Гранадос (Шпанија), Сома Вогел (Унгарија) и Лорен Фатовиќ и Марко Бијач (Хрватска).