• Мартин Танасковски

Актуелниот светски првак во ватерполо, репрезентацијата на Србија, ги доби противниците на Светското првенство (СП), кое ќе се игра во Будимпешта, Унгарија.
Србите на ждрепката се најдоа во групата Ц заедно со Шпанија, Грција и Јужна Африка. Во групата А се наоѓаат Бразил, Црна Гора, Казахстан и Канада, а во Б, пак, се Франција, Австралија, Италија и домаќинот Унгарија.
Во групата „Д“ се сместени САД, Јапонија, Хрватска и Русија. Светското првенство во пливачки спортови почнува на 17 јули.
Во женска конкуренција, пак, во групата А се најдоа Италија, Бразил, Канада и Кина, во Б групата се Нов Зеланд, Јужна Африка, Шпанија и САД, во групата Ц се наоѓаат Јапонија, Холандија, Унгарија, Франција, додека во последната група Д се Австралија, Русија, Казахстан и Грција.