• Горан Упале
Ватерполо селекцијата на Србија го освои деветтото место на Европското првенство во Сплит, откако убедливо ја совлада селекцијата на Романија со резултат 17-1 (6-1, 3-0, 4-0, 4-0). Ова e најлошиот резултат на Србите во историјата на континенталните собири.
Василије Мартиновиќ и Радомир Драшовиќ со по четири гола ја предводеа Србија до победата, додека Огњен Стојановиќ постигна три гола. Стрелец на единствениот гол за Романија беше Силвијан Колодровши.
Србија во осминафиналето на Европското првенство беше поразена од Франција со 10-9, а во вторник во баражот од деветтата до дванаесетатта позиција победи над Холандија со 12-11.
Во полуфиналето, кое на програмата е вечерва, Унгарија ќе се сретне со Шпанија, додека Хрватска ќе ја пречека Италија.