• Саше Љолес
Репрезентацијата на Србија без поголеми проблеми славеше над селекцијата на Германија во вториот натпревар од групата А на Европското првенство во ватерполо, со резултат 14-6 (3-2, 5-2, 2-2 и 4-0).
„Орлите“ беа апсолутно подобар противник и сосема заслужено обезбедија пласман во ТОП-16 на континенталниот собир кој се одржува во Хрватска, а првото место во групата ќе треба рутински да го потврдат во последното коло, кога ќе се соочат со селекцијата на Малта.
Најефикасен во триумфот на нашиот северен сосед беше Марко Радуловиќ со четири гола, а еден гол помалку имаше Душан Мандиќ. Голема е веројатноста противник на Србија во осминафиналето да биде Франција, но најпрво ќе мора да се комплетираат останатите мечеви во другите групи.