• Мартин Танасковски
Ватерполо репрезентацијата на Србија во репризата на финалето од последните ЛОИ, овој пат во рамки на четвртфиналната фаза, забележа голема победа над Грција (12-11) и така се пласира во битката за медал.
До триумфот „орлите“ дојдоа доста тешко, со погодок во последната секунда. Херој на нашиот северен сосед беше Никола Јакшиќ кој даде голчиште пред самиот крај на натпреварот и така го растажи балканскиот ривал во дербито.
Jakšić pokazao da srpski vaterpolo nije mrtav #srbija pic.twitter.com/n2rWwolZyD
— Aleksandar Ilić (@aleks89ilic) August 7, 2024
Претходно, Грците се надеваа барем на реми, затоа што на шест секунди пред крајот, Влахопулос постигна гол за 11-11, меѓутоа одбраната не најде решение за Јакшиќ.
Покрај Србија, во полуфиналето на ватерполо турнирот на ЛОИ е и Хрватска. Се чека на уште два патници, кои ќе бидат познати по дуелите САД - Австралија и Италија - Унгарија.