Србија првпат остана без четвртфинале на ЕП во ватерполо

Ватерполо репрезентацијата на Србија првпат по разделбата со Црна Гора нема да игра четвртфинале на едно Европско првенство (ЕП), откако доживеа минимален пораз од Франција (10-9).

Расплетот на мечот се случи во последната минута, кога Душан Мандиќ донесе 9-9 за Србите. Франција имаше напад со играч повеќе, Марзуки на 30 секунди пред крајот донесе 10-9, а иако нашите соседи напаѓаа со играч повеќе, не успеаја да реализираат за реми.

Пласман во четвртфиналето обезбеди Црна Гора која беше подобра од Романија (13-8), исто така и Грузија која ја надигра Холандија (12-8). Убедлива беше и Грција против селекцијата на Израел (22-9).

  • ЧЕТВРТФИНАЛЕ, ЕП:

Црна Гора - Унгарија
Грција - Шпанија
Грузија - Хрватска
Франција - Италија