Србија против Италија ќе атакува на ново злато во Светската лига

Во двата вчерашни полуфинални натпревари од Светската ватерполо лига, патникот во финалето беше одлучуван дури по изведувањето на ударите од пет метри.

Ватерполистите на Србија ги елиминираа САД, откако ја добија пенал серијата со 5-3. Натпреварот во регуларниот дел заврши 8-8. Во првото полуфинале Италија обезбеди финале исто така по пенал серијата против Хрватска, која ја доби со 3-1, откако во регуларниот дел резултатот беше 6-6.

Финалето помеѓу Србија и Италија се игра денес со почеток во 15.00 часот, а претходно ќе биде одигран дуелот за третото место помеѓу Хрватска и САД.