ВИДЕО: Србија по пеналите ја одбрани европската ватерполо титула

Репрезентацијата на Србија во ватерполо по четврти пат по ред е европски првак, откако во драматично финале во водите на Олимпискиот базен „Бернат Пикорнељ“ во Барселона, ја совлада домашната Шпанија со 5-4 по изведување на пенали, откако мечот во регуларниот тек заврши 7-7.

Домашната селекција постојано водеше и се чинеше дека ќе падне српската доминација на континенталните собири. Но, откако во третата минута од последниот период Србија израмни  дојде во водство со 7-6, психолошката предност премина на страната на момците на Савиќ.

Мигуљ спречи победа на „орлите“ во регулатниот тек и го внесе финалето во рулет на казнени удари од пет метри. Во третата серија, Хернандез биеше само во дирекот, а сите српските ја погодија целта за дефинитивна победа од 5-4. 

Во мечот за третото место, Хрватска ја победи Италија со 10-8 и се задоволи со бронзен медал, само една година по светската круна во Будимпешта.