• Иван Димовски
Ватерполистите на Србија ја изненадија фаворизираната Италија и по подобро изведување пенали (4-3) се пласираа во полуфиналето на Светското првенство во Фукуока.
Популарните „делфини“ го совладаа светскиот вицепрвак, играјќи егал до самиот крај. Сите четири четвртени завршија нерешено (3-3, 2-2, 4-4, 2-2), за вкупни 11-11. На крајот натпреварот влезе во пенал рулетот, во кој голманот Бранислав Митровиќ одбрани два удари, па Србите се пласираа меѓу четирите најдобри на светот.
Полуфинален ривал на Србија ќе ѝ биде Грција. Селекцијата на нашиот јужен сосед ја доби драмата со Црна Гора со 10-9 (2-1, 4-3, 1-3, 3-2). Црногорците беа во игра за позитивен исход, во последниот напад напаѓаа за егал и погодија пречка, па беа елиминирани.
Полуфиналниот натпревар меѓу Грција и Србија се игра в четврток во 10:00 часот.