• Сашо Поповски

По четири години успешни настапи на големите собири, ватерполо репрезентацијата на Србија доживеа пораз и тоа од големиот ривал Хрватска (12-11) во полуфиналето на Светското првенство во Унгарија.
ПОВРЗАНО >> Хрватските „баракуди“ направија чудо и ја победија Србија во мундијалското полуфинале
Српските медиуми се полни со неверица и шокантни наслови, а дека поразот е тежок да се прифати покажа и изјавата на српскиот селектор, Дејан Савиќ, кој се пожали на судиските одлуки.
„Им честитам на Хрватите за оваа победа. Тие влегоја многу физички во натпреварот, а ние не знаевме добро да се браниме во играта со играч помалку. Неверојатно е од година во година, од ден на ден јас сфаќам дека не ги знам правилата на оваа игра...“ , рече Србинот.
Савиќ беше гневен на одлуката на судиите на крајот од третиот дел, кога на Хрватите им беше доделен петерец во последната секунда за израмнување на резултатот.
Како и српските ватерполисти, така и нивните спортски медиуми тврдат дека беше направено сè за да бидат елиминирани пред финалето, па дури и дека Хрватска имаше мала помош од судиите.