• Зоран Мишевски
Со одигрувањето на последните натпревари во попладневата програма, комплетирано е второто коло од групаната фаза на машкиот турнир на Светското првенство во ватерполо во Гвангжу (Кореја).
Со ремито меѓу Грција и Црна Гора (10-10), сега Србија сама од себе зависи дали ќе игра директно во четвртфиналето како победник во групата или пак ќе разигрува во осминафиналето. За место меѓу осумте најдобро, „делфините“ ќе мора да ја победат Грција.
Убедлива победа запиша и Германија во натпреварот против Бразил.
Резултати:
Бразил – Германиоја 8-15 (1-4, 1-6, 2-2, 4-3)
Црна Гора – Грција 10-10 (3-3, 1-2, 4-4, 2-1)
Србија – Кореја 22-2 (6-1, 5-0, 4-1, 7-0)
Утре во Кореја се играат натпреварите од третото коло на женскиот ватерполо турнир.