• Мартин Танасковски

Ватерполо репрезентацијата на Србија ја продолжи доминацијата во овој спорт, откако во овогодинешното финале на Светската лига во неизвесен меч со 10-9 славеше над Италија.
Србите имаа лош старт, но не дозволија изненадување и го кренаа петтото светско злато во низа.
Иако „аѕурите“ имаа добар старт и поведоа со 1-4, Србија во вториот период се врати на 3-4, а потоа, со одличен трет период кој го добија со 5-2, ватерполистите направија пресврт и во последниот период влегоа со предност од два гола (8-6). Во финишот од мечот резултатот беше изедначен (9-9), а во 30 минута голот за победа го постигна Душко Пјетловиќ.
За Србија ова е единаесетто злато во Светската лига во историјата. Претходно, во мечот за третото место поуспешна беше Хрватска која славеше над САД со 10-4.