• Горан Упале

Ватерполистите на Србија ја декласираа Романија со 15-7 во второто коло од групата Б на Европското првенство во Будимпешта.
Селекцијата која е сместена меѓу најголемите фаворити за златниот медал на овој собир, одигра уште еден моќен натпревар и шанси за надигрување на противникот му даде само во првата четвртина. Потоа следуваше целосна иницијатива на „делфините“, кои по триумфот над Русија во првото коло, заслужено запишаа нов успех.
Во последното коло од групата Б, Србија за првото место ќе се бори против Холандија, натпревар закажан за по два дена.
На останатите натпревари од денешната програма на шампионатот, Германија со 8-5 славеше над Словачка, Турција со 10-13 беше поуспешна од Малта, додека убедлива беше Русија, која извојува победа над Холандија (15-9).