Србија, Италија и Шпанија обезбедија виза за завршницата на Светската лига во ватерполо

Ватерполо репрезентацијата на Србија е победник на европскиот квалификациски турнир за место на завршницата на Светската лига, откако ја победи Италија со 12-9 (3-2, 3-2, 3-2, 3-3) синоќа во финалето во Подгорица.

Најефикасен во српскиот тим беше Драшко Гогов со три гола, а по два постигнаа Душан Мандиќ и Виктор Рашовиќ. Србинот Мандиќ е прогласен за МВП на натпреварот.

Во натпреварот за третото место Шпанија ја победи Црна Гора со 15-10.

Финалето одлучуваше само за натпреварувачките броеви за осминафиналето во Стразбур. Ватерполистите на Србија ги остварија сите три победи во Подгорица и се пласираа како првопласирани на завршниот турнир од Светската лига што од 22 до 29 јули ќе се одржи во Стразбур.

Србија треба да биде во група со Австралија, Бразил и Шпанија, а во втората група ја сочинуваат Соединетите Американски Држави, Франција, Канада и Италија.