• Горан Упале

Српската ватерполо репрезентација се пласира во четвртфиналето на Европското првенство во Хрватска, откако беше подобра од селекцијата на Франција со резултат 14-10.
На овој начин „делфините“ му се реваншираа на големиот ривал, кој на претходниот шампионат во Сплит ги совлада и ги исфрли во втората дивизија на континенталното ватерполо. Сега Србија го „наплати долгот“, па заслужено си обезбеди место меѓу осумте најдобри.
Противник ќе ѝ биде стар ривал, репрезентацијата на Унгарија, која со првото место во групната фаза стигна до четвртфиналето. Тој дуел е закажан, за в петок од 15.00 часот.