• Зоран Мишевски
Силни емоции, драма и одушевување на гледачите во исполнетата „Арена“ во Белград по највозбудливот натпревар на континенталниот ватерполои собир. Српската ватерполо репрезентација ја победи Шпанија со 12-11 (3-3, 3-2, 3-2, 3-4), во дербито од второто коло од првата фаза на Европското првенство во Белгард. По голема борба и херојска одбрана во последната четвртина, Србија успеа да ги победи европските и светските шампиони и да го надомести киксот против Холандија во првото коло.
Србите го заслужија триумфот против првиот фаворит за освојување на златото, иако играа четири минути со човек помалку во четвртата четвртина, по исклучувањето на Душан Мандиќ. На минута и пол до крајот, Србија конечно ја затегна одбраната и со головите на Страхиња и Виктор Рашовиќ, направи пресврт и стигна до победа и до првото место во групата.
Најефикасен играч во српската репрезентација беше Страхиња Рашовиќ со четири гола. Василије Мартиновиќ постигна три, додека Милош Чук беше автор на два гола. Алберто Мунариз се истакна во шпанската репрезентација со четири гола, а Унаи Биел постигна два.