• Мартин Танасковски
Ватерполистите на Србија забележаа голема победа во рамки на Светската лига и во финалето кое се играше во Белград беа поуспешни од Хрватска (12-11).
Двете балкански селекции понудија вистинска игра за уживање, а се се решаваше во самиот финиш. Во последната минута се влезе со 11-10 за Србија, а Хрватска на 28 секунди пред крајот изедначи со гол на Вукчевиќ.
Но, на 17 секунди пред финишот, Србија доби петтерец кој во гол го претвори Филиповиќ, за потоа, Биљач да шутира за изедначување на „баракудите“, но безуспешно.
Ова е втора драматична победа на Србија над Хрватска во Светската лига оваа сезона. Покрај што го освои трофејот, дванаесетти во историјата, Србија со победата обезбеди и место на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Токио во 2020 година.